Фото: илустрација / Flickr / houstondwiPhotos mp / CC BY-SA 2.0

Полицијата во Молдавија уапси три лица поради врски со групата „Вагнер“

Полицијата во Молдавија уапсила три лица поврзани со руската паравоена група Вагнер и извршила претреси на повеќе од 50 локации, соопшти денеска Европол.

Операцијата на молдавските и украинските власти, поддржана од Европол, насочена кон лица осомничени дека учествувале во војната против Украина како платеници на групата Вагнер, се вели во соопштението, пренесува Политика. 

Во истрагата, предводена од украинската полиција, беше вклучено и украинското Врховно обвинителство, како и молдавската полиција и Обвинителството за борба против организираниот криминал и специјалните случаи на Молдавија.

Европол наведува дека истрагата досега идентификувала 85 лица поврзани со руската војна против Украина и дека украинската национална полиција отворила посебен криминален случај кој содржи информации за регрутирање, обука, финансирање и употреба на наводни платеници во борбени операции против таа земја.

Во соопштението се истакнува дека при претреси на повеќе од 50 локации во Молдавија на 12 и 13 февруари, запленети се голем број документи, слики и видео материјали кои сведочат за регрутирањето и условите за служба во приватната воена група Вагнер, кои покажуваат вмешаност на осомничените во воени акции на територијата на Украина.

„Поединците, сите граѓани на Молдавија, наводно учествувале во окупацијата на градот Бахмут, битката за аеродромот во Доњецк, создавањето на котелот Дебалцево во рамките на паравоената група Вагнер, Сомалискиот баталјон и другите вооружени формации на самопрогласената Доњецка Република окупираните територии“, се вели во соопштението, пренесе Танјуг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот