
Европарламентот бара европска стратегија за видеоигрите
Европратениците денеска изгласаа резолуција со која бараат да се даде поддршка за развој на стратегија во ЕУ за видеоигри, и тие да се сметаат за културно наследство.
Препорачано
Резолуцијата изгласана денеска во Европскиот парламент ја поддржаа 560 пратеници, 34 гласаа против, а 16 се воздржаа.
Со резолуцијата се бара да се изземе државната помош од фискалните правила во ЕУ кога станува збор за инвестиции во видеоигри, со што би се поттикнало помасовно инвестирање во оваа област и би се задржале талентите во ЕУ.
Според пратениците Европската Комисија и земјите членки треба да ја препознаат додадената вредност на видео игрите за ЕУ и нивниот потенција за раст и иновација преку елаборација на долгорочна стратегија за видеоигрите во ЕУ.
Тие побараа максимизирање на приликите за креирање видеоигри во сите земји членки на ЕУ и подобри критериуми за финансирање преку програмите на Европската Комисија, односно ревизија на ЕУ правилата за државна помош. Пратениците предупредија дека овој сектор се соочува со недостиг на кадар, бидејќи работниците заминуваат во други делови од светот.
Според нив, потребно е видеоигрите да добијат статус на културно наследство.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
35сек
-
7мин
-
14мин
-
41мин
-
53мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5