фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Евролига: Партизан со триумфот над Алба Берлин ги одржува шансите за плеј-ин

Кошаркарите на Партизан во вторникот ја совладаа Алба Берлин со резултат 85:71 во 31. коло од Евролигата.

„Црно-белите“ ја прекинаа серијата од три порази во елитното клупско натпреварување и сега со учинок од 16-15 и сè уште имаат се во свои раце кога е во прашање пласманот во плеј-ин, а можеби дури и за плеј-офот.

Од друга страна, германската екипа е последна во поредокот со само пет победи.

Во редовите на српскиот претставник Брендон Дејвис беше најефикасен со 22 поени, Карлик Џонс постигна 15, а Исак Бонга 14. Кај Алба 16 поени постигна Мет Томас.

Во другите мечеви: Фенербахче – Париз 101:100, Монако – Жалгирис Каунас 96:86, Баерлона – Баерн 101:102, Лион Вилербан – Олимпијакос 81:70, Реал Мадрид – Олимпија Милано 96:89.

Македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс во поразот на Париз од Фенербахче реализираше 19 поени и 10 асистенции за 30 минути на паркетот.

Ненад Димитријевиќ во поразот на Олимпија Милано против Реал Мадрид запиша шест поени за скоро 11 минути игра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот