Оливер Вархељи, Фото: EPA-EFE/MARTIN DIVISEK

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархељ е во самоизолација

Во Северна Македонија имаше средби со сите политички лидери.

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархељ е во самоизолација

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархељ објави дека е во самоизолација откако дознал дека член на неговиот тим е позитивен на коронавирус. Тој информацијата ја сподели на Твитер.

“Денес бев известен дека еден член на мојот тим е позитивен на коронавирус. Додека чекаме нови резултати, јас и мојот тим сме во самоизолација во согласност со препораките за јавното здравје. Се чувствувам добро, немам никакви симптоми, минатата недела тестирав негативен резултат” напиша Вархељ.

Во текот на минатата недела тој беше во службена посета на земјите од Западен Балкан. Во Северна Македонија имаше средби со сите политички лидери. 

 

Пендаровски- Вархељ: Извештајот дава поттик за натамошно интензивирање на реформите 

Вархељ во Собрание: Одлуката за отворање пристапни преговори на почетокот на ова година беше навистина историска (ФОТО)

Вархељ: Да веруваме дека добрососедските односи меѓу РСМ и Бугарија ќе донесат решение (ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот