
Евробаскет 2025: Подобро издание на јуниорите, но недоволно за успех против Грција
По стартниот пораз од Литванија со 75 коша разлика (137:62), денеска македонската машка јуниорска кошаркарска репрезентација во својот втор натпревар на Европското првенство дивизија А во Белград, Србија, загуби од Грција со 83:55. Нешто подобро издание на избраниците на селекторот Горан Андреевски, но тоа не беше доволно за прва радост на континенталниот собир.
Препорачано
По релативно изедначениот почеток, Грците направија видлива предност. На на истекот на првата четвртина, имаа водство од 27:13. Не се променија многу работите на теренот ниту во вториот период, оној во кој противникот изгради уште поубедлива, двојно поголема предност (46:23).
Третата четвртина беше и најдобрата за нашата селекција, ја реализиравме во наша корист, макар и со минимални (21:20), но покажавме дека можеме да бидеме и далеку поконкурентни во битките со поквалитетните репрезентации во елитната „А“ дивизија.
Данев се промовираше во прв стрелец во нашата репрезентација. Реализираше 17 поени, имаше и пет скока и две асистенции во три одиграни четвртини во кои Грција ја задржа високата предност (66:44).
По девет поени имаа Сребров и Ѓорѓевиќ (плус осум скока), додека Јаничиќ застана на бројката од седум реализации (плус шест скока и исто толку додавања) колку што имаше и Најков.
По две одиграни кола во групата „Ц“, Македонија има два порази, Грција е на половиченн ефект, (1-1). Нешто подоцна, од 18.30 часот, ќе играат репрезентациите на Србија и Литванија. Во третото коло од групната фаза, утре навечер од 18.30 часот, Македонија ќе игра против селекцијата на Србија.