
Евробаскет – Џикиќ најави жесток дуел на Грузија со БиХ: Ќе биде 40 минути „војна“
Во меѓусебна пресметка во Групата Ц, утре, Грузија и Босна и Херцеговина ќе решаваат кој ќе оди во нокаут-фазата
Селекторот на Грузија на Евробаскетот 2025, српскиот стручњак Александар Џикиќ, сликовито ја најави средбата со Босна и Херцеговина што ќе има клучно значање кој од овие два тима ќе продолжи во осминафиналето, а кој можеби ќе биде елиминиран.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
– Беше јасно дека сè ќе се сведе на овој последен натпревар. Значи, како што рече Токо (Торнике Шенгелија н.з.) ќе биде жестока борба гради в гради, со сето должно почитување. Очекуваме тие да влезат во натпреварот давајќи сè од себе, а ние ќе го сториме истото. Се подготвуваме за тешки 40 минути. Четириесет минути „војна“ – вели Џикиќ.
Таа средба е од последното петто коло по групи и се игра утре во терминот од 15 часот. Обата тима нема да калкулираат, затоа што немаат простор за тоа.
Подоцна утре се игра средбата Шпанија – Грција (20.30). Шпанија е актуелен европски првак, а е во опасност од елиминација ако забележи пораз, а резултатот од средбата Грузија – БиХ не и оди одрака.
Од Групата Ц, премин во нокаут-фазата обезбедија Грција и Италија, а тоа последно коло ќе решава уште кои два тима од БиХ, Грузија и Шпанија ќе им се придружат. Кипар е веќе елиминиран.
ВИДЕО | Драма во Лимасол: Италија подобра од Шпанија, европскиот првак се соочува со елиминација