Илустративна фотографија за пар / Фото: beyond/beyond, Micheko Productions, Inh. Michele Vitucci / Alamy / Profimedia

Еве зошто сте лоши во сексот…

Можеби мислите дека сте добар љубовник, но што мисли вашата партнерка за тоа. Тешко дека отворено ќе го изрази своето незадоволство за да не ве повреди, но можеби се препознавате во овие карактеристики и ќе преземете нешто за да се подобрите.

Неколку сексуални терапевти составиле список на карактеристики на лоши љубовници и ако се препознаете, време е да преземете нешто за да излезете од лошата рутина.

Вашата спална соба изгледа како канцеларија

Една од работите кои лошо влијаат на либидото се потсетниците на стресниот професионален живот. Потрудете се лаптопот, службените телефони и сличните апарати да ги држите подалеку од спалната соба.

Не се сеќавате кога последен пат сте имале орална акција

Не треба воопшто да се нагласува дека ова е лошо за вашиот сексуален живот. Веројатно не постои маж кој не сака орален секс, но верувајте и жените уживаат во него.

Скокате од кревет по сексот

Да, сигурно имате многу работа која ве чека, но после сексот останете уште некое време во креветот. Партнерката ќе помисли дека едвај сте чекале да заврши и дека мислите само на своето задоволство.

Зборувате за поранешната партнерка и за сексот со неа

Ова е една од нјалошите работи кои можете да ги направите. За поранешните партнерки можете да зборувате понекогаш, но за сексот со бившите – никогаш, особено не во спалната соба која ја делите со сегашната партнерка.

Кога сексот ќе стане рутина

Повеќето двојки кои се долго заедно со тек на време почнуваат да практикуваат удобен и „мрзлив“ секс. Таквиот секс не е лош, но лошо е ако само таков секс практикувате и не сакате да промените ништо.

Не преземате иницијатива

Знаете дека не е фер се да и препуштите на партнерката. За секс се потребни двајца и не е во ред секогаш само едниот да презема акција.

Не пружате задоволство

Ако добро не се забавувате во креветот, ако не пружате – нема да добиете, а вашиот сексуален живот ќе страда. Повратните информации се добредојдени. Сексуалното задоволство е најдобро кога е заемно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот