Кејт Мидлтон , принцот Вилијам и децата / Фото: Stephen Lock / i-Images / Eyevine / Profimedia

Еве зошто сите ја сакаат: Кејт Мидлтон ги насмеа присутните на божиќната прошетка во Сандрингам

Кејт Мидлтон се поздрави со толпата собрана во Сандрингам за време на божиќната прошетка на кралското семејство, а социјалните мрежи се преполни со позитивни коментари за нејзиниот вчерашен изглед.

„Нашата идна кралица е неверојатна“; „Ми се допаѓа фактот што Вилијам само стои таму и ја гледа и тој е горд. На луѓето многу им недостигаше. Таа се обиде да поздрави што повеќе луѓе. Едноставно ја сакам“, беа дел од коментарите.

Кејт ја нарекуваат и омилениот член на кралското семејство, а доказ за тоа се и анкетите. Мидлтон веќе полека се подготвува за улогата на кралица, а нејзиното појавување во Сандрингам на Божиќ предизвика општ ентузијазам кај собраните добронамерници.Покрај тоа што го прекрши протоколот со емотивен гест, Мидлтон ја насмеа и толпата, покажувајќи ја својата непосредност и опуштеност пред народот.

Фото: Stephen Lock / i-Images / Eyevine / Profimedia

Како и обично, Кејт Мидлтон им се придружи на остатокот од кралското семејство во прошетката од црквата до кралската резиденција, а таму разговараше со насобраната толпа која на семејството му подари цвеќе, а на децата и чоколади, што особено го воодушеви малиот Луис.

Разговорот со насобраните беше особено долг за идната кралица, која сите сакаа да ја поздрават оваа година и да ѝ посакаат брзо закрепнување. Тројцата млади членови на кралското семејство застанаа до нивниот татко Вилијам додека ја чекаа таа да заврши со зборувањето.

Кога принцезата сфатила дека нејзините деца и сопругот Вилијам престанале да се дружат, таа се пошегувала со присутните ирекла: „Се чини дека го изгубив семејството“.

Мидлтон го прослави Божиќ беспрекорно облечена во зелено, кое имаше посебно значење, а нејзиното палто го дизајнираше Сара Бартон за Александар Меквин, додека зелениот шешир беше дело на Џина Фостер. МОдната комбинација ја комплетираше со тартан шал, прекрасни обетки, црни чизми на потпетици и црна чанта.

ВИДЕО | Кејт Мидлтон одржа емотивен говор на Бадник: Да се ​​свртиме кон љубовта, а не кон стравот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот