
Еве како сусамот може да биде корисен за вашите растенија: Направете сами средство кое ќе ги оживее
Доколку во вашиот дом имате сусам на кој му истекол рокот, а во исто време се грижите дали ќе ви преживеат вашите растенија во зима, еве одличен совет за вас, пренесува „Она“.
Препорачано
Во тегла ставeте половина чаша сусам со поминат рок, а потоа додадете двојно количество вода, добро измешајте и сето тоа ставете го во блендер, ќе добиете богато и густо сусамово млеко кое е одлично за подготовка на различни природни средства.
Додајте три лажици од ова густо млеко кое штотуку го направивте, во кофа од десет литри, а потоа наполнете ја со вода, создавајќи вистински природен еликсир – калциумова бомба која е исклучително корисна за вашите растенија.
Ова уникатно природно средство го промовира растот на коренот, значително го зајакнува имунитетот на растенијата на разни болести, а во исто време го забрзува процесот на созревање на растенијата, што го прави вистинско богатство за вашите внатрешни и градинарски растенија, како и за садници.
Важно е да се напомене дека овој препарат може да се чува во фрижидер без временско ограничување, а дури и кога ќе го изгуби својот квалитет, сепак може да биде корисен. Растенијата со овој препарат се полеваат на секои десет дена, што им ги обезбедува потребните хранливи материи и го поддржува нивниот здрав раст и развој.