Фото: ГРК Охрид

Еурофарм Пелистер на „крилјата“ на Радивојевиќ и Манасков го совлада ГРК Охрид

По поразот од Вардар 1961, актуелниот шампион Еурофарм Пелистер им се врати на победите во домашната Суперлига, откако на домашен терен во Битола со 33:27 триумфираше над ГРК Охрид.

Домаќините беа предводени од Богдан Радивојевиќ со девет и Дејан Манасков со седум погодоци. На спротивната страна Дарко Ѓукиќ шест пати се запиша во листата на стрелците.

Пресудни за натпреварот беа повредите на двајца клучни играчи на ГРК Охрид, Јотиќ и Тасески, како и двете последователни исклучувања на Лиапис и црвениот картон на Реј Моралес.

Еурофарм Пелистер е на третото место со девет бодови, додека Грк Охрид е на петтата позиција со седум.

Следен предизвик за играчите на тренерот Рубен Гарабаја ќе биде Висла Плоцк во Полска на 8 октомври во ЕХФ Лигата на шампионите.

Охриѓани ќе го продолжат својот настап во првенството на 11 октомври на домашен терен против Радовиш.

Суперлига
Недела, резултати:

МРК Куманово – Алкалоид 21:35
Еурофарм Пелистер – ГРК Охрид 33:27

Табела: Вардар 1961 12 бодови, Алкалоид 10, Еурофарм Пелистер 9, Бутел Скопје 8, ГРК Охрид 7, Прилеп 6, Тинекс Пролет 6, Тиквеш 4, Еурофарм Пелистер 2 4, МРК Куманово 2, Струга 2, Радовиш 0.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот