фото: РК Еурофарм Пелистер

Еурофарм Пелистер ја почнува одбраната на титулата против Бутел Скопје

Денеска ќе стартува новата сезона во македонската машка ракометна Супер лига со натпреварот од првото коло помеѓу екипите на Бутел Скопје и актуелниот шампион Еурофарм Пелистер.

Овој меч ќе се игра во салата „Антон Димитров“ од 18.00 часот, битолската екипа ја има фаворитската улога, а домаќините заедно со своите навивачи ќе се обидат да направат изненадување и дојдат до позитивен резултат.

Играчите предводени од тренерот Рубен Гарабаја ја почнаа сезоната со освојување на пехарот во Супер купот и победата над најголемиот ривал Вардар 1961.

– Македонското првенство е силно натпреварување, но наша цел е да победиме на секој натпревар и да ги освоиме сите домашни титули – вели Гарабаја.

Останатите дуели од првото коло ќе се играат в сабота од 17.00 часот, а се среќаваат: Алкалоид – Охрид, Куманово – Радовиш, Прилеп – Еурофарм Пелистер 2, Струга – Вардар 1961 и Тинекс Пролет – Тиквеш.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!