фото: Слободен печат/Слободан Ѓуриќ

Еурофарм Пелистер ја испушти шансата – пораз од ГОГ Гудме во Битола

Еурофарм Пелистер го претрпе вториот пораз во Лигата на шампионите, губејќи на домашен терен од данскиот ГОГ Гудме со 28-31 (14-14). Битолчани имаат за што да жалат, бидејќи во првото полувреме стигнаа и до предност од пет голови, но падот во концентрацијата на крајот од првиот и почетокот на вториот дел ги чинеше скапо.

Почетокот мина во израмнета игра, но по головите на Кузмановски и Манасков, македонскиот тим се одлепи на 7-4, а потоа и на 10-5. Сепак, Данците реагираа со игра „седум на шест“ и го искористија падот на домашните, па успеаја да стигнат до израмнување на полувремето – 14-14.

Вториот дел ГОГ го отвори многу подобро и со серија 2-9 првпат поведе со +3 (14-17). И покрај напорите на Кузмановски и Манасков, гостите успеаја да ја задржат контролата. Манасков намали на 23-24, но промашените напади на Пелистер ја отворија вратата за ново одлепување на Данците.

До крајот, гостите ја одржуваа предноста и славеа значајна победа. Најефикасен на натпреварот беше Фредерик Бјере со неверојатни 13 гола од исто толку обиди, додека кај Пелистер блесна Дејан Манасков со 9 погодоци. Голманите на македонскиот тим, Митревски и Хаидаридад, запишаа по три интервенции, додека кај ГОГ Салах Бутаф одбрани осум удари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот