фото: РК Еурофарм Пелистер

Еурофарм Пелистер без голманот Хеидариад во наредниот период

Како што известуваат од ракометниот клуб Еурофарм Пелистер, Саид Хеидариад (34) ја обнови повредата со која се здоби на турнирот во Охрид.

Станува збор за парцијална руптура на задната ложа, стои во кратката објава на македонскиот шампион.

Искусниот ирански чувар на мрежата или познат и како „Нинџа“ ќе отсуствува наредниот период.

Хеидариад имаше значајни одбрани во победата на битолскиот тим против Загреб во првото коло од новата сезона во ЕХФ Лигата на шампионите.

Иранецот запиша шест одбрани на мечот против Хрватите, а една од нив се најде и во Топ 5 најдобри одбрани на колото во ЛШ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот