Фото: EPA-EFE/ERDEM SAHIN

Еуфорија во Атина: Славниот Фатих Терим седнува на клупата на Панатинаикос?

Легендарниот турски стратег Фатих Терим според информациите на странските медиуми ќе биде нов тренер на грчкиот гигант Панатинаикос.

Панатинаикос минатата година заврши како првопласиран во регуларната сезоан во грчката Суперлига, но во плеј-офот изгуби од АЕК и остана без титулата. Во овој момент тие се на второто место на табелата со бод помалку од првопласираниот ПАОК.

Наводно, најзаслужен за интересот кој го покажал Панатинаикос за Терим е кошаркарот на Панатинаикос Ергин Атман кој на претседателот на клубот му предложил да го доведе неговиот сонародник.

Фатих Терим е симбол на фудбалот во Турција и најголемо тренерско име во оваа земја. На трипати ја водеше репрезентацијата на Турција со која играше и полуфинале на Европското првенство во 2008 година.

Со Галатасарај каде што имаше четири мандати освои осум титули во првенството, пет Суперкупа и Куп на УЕФА. Термин беше тренер и во Серија А на Фиорентина и Милан. Последениот тренерски ангажман го имаше во Галатасарај во сезоната 2021/2022.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот