ЕУФОР во БиХ - Извор ЕПА

ЕУФОР ќе го зголеми бројот на војници во БиХ

ЕУФОР привремено ќе го зголеми бројот на своите сили во Босна и Херцеговина, јавуваат регионалните медиуми.

„Ова е превентивна мерка спроведена со цел да се обезбеди помош за Босна и Херцеговина во интерес на сите нејзини граѓани“, објави ЕУФОР.

Тие изјавија дека капацитетите на ЕУФОР играат клучна улога во одржувањето на безбедноста и стабилноста во Босна и Херцеговина.

„Во наредните денови ќе има видливо зголемување на присуството на ЕУФОР. Ги уверуваме граѓаните на Босна и Херцеговина дека ова присуство, како и сите други активности на ЕУФОР, е директно поврзано со нашата задача да им дадеме поддршка на властите на Босна и Херцеговина во одржувањето на безбедноста и стабилноста“, велат тие.

Тие истакнаа дека силите на ЕУФОР остануваат непристрасни, мултинационални и силни и ги имаат потребните воени ресурси за поддршка на властите на БиХ во одржувањето на безбедна и стабилна средина за сите граѓани.

„ЕУФОР останува посветена на оваа задача“, додаваат тие.

Членот на Претседателството на Босна и Херцеговина Денис Беќировиќ претходно го повика ЕУФОР итно да побара засилување и да распореди соодветни воени сили на стратешките точки во Босна и Херцеговина.

Додик потпишува контроверзни закони
Во средата вечерта, претседателот на ентитетот на Република Српска, Милорад Додик, потпиша укази со кои се прогласуваат закони со кои се забрануваат активностите на Судот и обвинителството на Босна и Херцеговина, Државната агенција за истраги и заштита (СИПА) и Високиот судски и обвинителски совет на територијата на БиХ.

Додик тоа го направи неколку дена откако првостепениот суд на БиХ го осуди на една година затвор и шестгодишна забрана да ја извршува функцијата претседател на РС поради неисполнување на одлуките на високиот претставник во БиХ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот