Еу постигна договор за Ковид пасошите: Ќе станат реалност на почетокот на летната сезона

Европратениците и земјите членки конечно постигнаа договор по четири часа преговори за дигиталните зелени сертификати кои треба да ги олеснат патувањата во ЕУ летово, јави дописничката на МИА од Брисел.

Информацијата ја потврдија неколку дипломатски извори за медиумите, се очекува да биде официјализирана наскоро.

Европската Комисија пред неколку недели предложи зелени сертификати, еден вид пасош кој содржи информации дали лицето е вакцинирано, дали прележало ковид-19 и има антитела или негативен ПЦР тест.

Европскиот Парламент бараше неколку измени за овие документи, како на пример името, но бараше и ПЦР тестовите да бидат бесплатни.

Според првичните информации што пристигнаа Европската Комисија се заложила да мобилизира дополнителни сто милиони тестови за овие сертификати, главно за лицата кои патуваат често, додека земјите членки на ЕУ се заложиле да спречат дополнителни рестрикции како карантин и изолација, освен ако се пропорционални.

Со усвојувањето на договорот пред крајот на овој месец Ковид пасошите би требало да станат реалност за почетокот на летната сезона и да помогнат да се намали штетата врз туризмот ширум ЕУ. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот