
ЕУ побара земјите членки конечно да ги укинат сите ковид рестрикции
Советот на ЕУ со соопштение ги повика земјите членки да ги укинат сите преостанати рестрикции за патување поради коронавирусот и да овозможат целосна слобода на движење во рамките на блокот и да се воздржат од воведување нови рестрикции.
Препорачано
„Според новите препораки, земјите членки не треба да воведуваат какви било рестрикции за патување заради јавното здравје. Сепак, препораките содржат и некои заштитни мерки во случај на влошување на епидемиолошката состојба“, пишува во соопштението.
Доколку епидемиолошката состојба се влоши земјите членки ќе треба координирано да воведат соодветни рестрикции, а тоа подразбира вакцинација, доказ за прележана болест или тестирање, објави порталот „Шенгенвизаинфо“.
Во случај во трета земја или во светот да се детектира опасна варијанта на вирусот Советот вели дека земјит ечленки можат да воведат итни привремени рестрикции на патувања кои исто така треба да важат за сите членки. Таквата рестрикција треба да престане да важи после 21 деносвен ако земјите членки одлучат да го скратат или продолжат тој период.
Инаку Шпанија беше последната земја од ЕУ која ги укина рестрикциите за патувања од трети земји надвор од Унијата на 21 октомври, дозволувајќи да се влезе во земјата без доказ за вакцинација, прележана болест или тест. Претходно, Луксембург ги укина сите рестрикции за влез во земјата на 1 октомври.