Кристин Лагард / Фото EPA-EFE/JULIEN WARNAND

ЕУ мора да се придржува до меѓународното право при користењето на замрзнатите руски средства

ЕУ мора да се придржува до меѓународното право при користењето на замрзнатите руски средства за да ѝ помогне на Украина. Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, оцени дека секоја одлука на Европската Унија да користи замрзнати руски средства за да ѝ помогне на Украина мора да биде во согласност со меѓународното право, објави Ројтерс, пренесува БТА.

„Очекуваме да видиме дека секоја шема што се дискутира и на крајот ќе биде презентирана во одреден момент ќе биде во согласност со меѓународните правила, меѓународното право“, изјави Лагард пред европратениците во Стразбур.

ЕУ моментално бара начини за финансирање на одбраната и реконструкцијата на Украина преку обезбедување на речиси 210 милијарди евра руски суверени средства замрзнати на Западот од почетокот на руската инвазија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот