
ЕУ бара од Србија да им суди на одговорните за нападот во Бањска
Европската унија очекува од српските власти да ги уапсат и гонат одговорните за нападот во Бањска, а воедно изразува загриженост поради наводите за учество на напаѓачите во демонстрациите“, изјави портпаролот на ЕУ во одговор на Н1.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
„Пред две години, нападот во Бањска, кој го извршија вооружени косовски Срби против косовската полиција, сериозно ја загрози безбедноста на регионот. Ужасниот напад тој ден одзеде живот на еден полицаец, додека двајца други беа ранети… Очекуваме властите во Србија да ги уапсат и гонат оние кои се во Србија, со соодветни обвиненија, пред суд во Србија“, се наведува во одговорот на портпаролот на Европската Унија.
ЕУ, исто така, изрази загриженост поради „извештаите за учеството на наводните сторители на нападите во Бањска за време на демонстрациите“.
Лицата од обвинението што Специјалното обвинителство на Косово ги означи како сторители на нападот врз косовската полиција и по кои трагаат косовските власти, беа видени контра-протестите во центарот на Белград. Користејќи алатки за препознавање лица, РСЕ успеа да идентификува дека во групата бил и Владимир Вучетиќ, од Северна Митровица, кој е еден од 45-те обвинети од косовското обвинителство.
Исто така, поранешниот потпретседател на Српската листа, човекот на листата на барани од Интерпол и лицето одговорно за Бањска, Милан Радоичиќ, им се закануваа на граѓаните кои ги поддржуваат студентите во Косјериќ.
Во октомври 2023 година, специјалниот претставник на ЕУ во Косово префрли барање за меѓусебна правна помош, од косовските власти до српските власти, за истото прашање. Досега, српските власти не дале одговор, изјавија од оваа институција за Н1.
„Очекуваме Србија целосно да соработува со овие барања преку воспоставениот канал за меѓусебна правна помош. Високата претставничка лично го покрена ова прашање со претседателот Вучиќ. Таа ќе продолжи да го покренува во врска со оваа средба со лидерите на Западен Балкан во Њујорк“, беше кажано за Н1.
Денес се одбележува втората годишнина од вооружениот инцидент во селото Бањска на северот од Косово и Метохија, во кој еден косовски полицаец беше убиен во напад од група униформирани Срби, по што тројца Срби беа убиени во размена на оган. Инцидентот се случи кога патрола на косовската полиција наиде на два камиони што го блокираа мостот во Бањска.