Фото ЕПА

Етиопски ученички од Израел наишле на расистички пораки во група на „Ватсап“ од нивните професорки

Израелскиот министер за образование им се извини на етиопските израелски ученички чии наставници ги исмевале во група на „Ватсап“ на училишна екскурзија. Девојките ги забележале наставниците како си испраќаат пораки во групата за разговор што ја создале, наречена „Влек Скул трип“, пренесува „Би-би-си“.

Едно од девојчињата го снимило разговорот преку рамо на наставничка, а потоа го споделило на социјалните мрежи, нарекувајќи ги наставниците „срамни“. Инволвираните наставници се суспендирани, а инцидентот се истражува.

Во Израел има околу 150.000 граѓани со етиопско потекло, а голем број од нив пристигнале по серијата строги тајни операции предводени од Мосад во 1980-тите.

Интеграцијата на етиопските Евреи во Израел е предизвикувачка, при што заедницата страда од несразмерно високи нивоа на невработеност и сиромаштија, како и дискриминација, иако нивната ситуација покажа знаци на подобрување во последниве години.

Минатиот понеделник, наставниците и учениците од средното верско училиште во Нетивот, јужен Израел, тргнаа на тридневно патување. Девојките кои седеле зад една од наставничките ја виделе нејзината порака во групниот разговор, кој содржел потценувачки коментари кон ученичките од Етиопија.

Една од ученичките снимила видео од разговорот без наставничката да сфати. Друга ученичка потоа споделила порака до сторителите на социјалните мрежи, прикачувајќи слики од навредливите пораки.

„Добро утро на сите „воспитувачи“ на ова училиште“, напиша таа. „Ме тажи како член на етиопската заедница кога го видов нивото на кое потонавте денес. Наместо да бидете наши учители и да давате пример и да правите да се чувствуваме како на нашето најбезбедно место, вие го направивте токму спротивното“ стои во пораката.

„Да отворите група наречена „Белк скул груп“ без воопшто да сфатите дека зад вас има ученици и да ги исмевате вашите ученици? Ги гледам фотографиите, а едноставно не верувам дека доаѓаат од нашите професори.

„Вие сте срам, се срамам што сте наши учители и што ја учите идната генерација“.

Инволвираните наставници биле суспендирани и се извиниле. Директорот на училиштето издаде изјава, говорејќи за неговиот „шок и пустош од мизерните и крајно навредливи коментари на наставниците за учениците од Етиопија кои учат во училиштето“.

„Управата на училиштето сериозно гледа на овие коментари. Нема место за расистички коментари и ние нема да ги дозволиме во нашето училиште.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот