
Експертите објаснија зошто: Прозорците никогаш не треба да ги миете на големи горештини!
Иако комбинацијата на сончева светлина и вода изгледа како одлична мешавина за миење прозорци, ви донесуваме причина зошто таа не само што не е идеална, туку е и потенцијално опасна.
Препорачано
Иако предупредувањата никогаш да не ги миете прозорците на горештини изгледа како само една од нашите класични стари поговорки, експертите велат дека вреди да се послуша.
Експертка за чистење препорачува да се одложи миењето и чистењето на прозорците додека не дојдат малку посвежите денови.
Логиката вели дека водата ќе се исуши побрзо на висока температура, па зошто да не ги исчистите прозорците?
Тоа е рецепт за катастрофа.
Зошто не треба да ги чистите прозорците на горештини?
Прво, кога ќе ги миете прозорците кога надвор е топло, средството за чистење ќе испари предвреме. Кога температурата надминува 22 степени Целзиусови, брзината на испарување е многу поголема, па затоа е речиси невозможно прозорецот да се исчисти без дамки.
– Замислете дека сакате да полирате под, а восокот се суши побрзо отколку што можете да го исчистите. Истиот принцип важи и за прозорците и поради тоа вашиот труд ќе биде залуден, бидејќи прозорецот ќе изгледа како воопшто да не е исчистен – вели експертката Мишел Хансен.
Од друга страна, топлината предизвикува ширење на стаклото, создавајќи можност за пукање при нанесување на средствата за чистење.
Оптимална температура од 10 до 22 степени
Топлинскиот стрес настанува кога жешкото стакло ќе го полиете со ладна вода и тогаш постои ризик од пукање, односно кршење на стаклото. Ова особено се однесува на регионите каде екстремната топлина е постојана појава.
Исто така, миењето прозорци на високи температури е физички исцрпувачки. Најчеста последица е дехидратацијата.
– Поради сето ова, мој совет е прозорците да ги чистите во поладните периоди од денот. Оптималната температура за миење на прозорците е од 10 до 22 степени Целзиусови – според Алиша Џонсон, експертка за чистење, пренесува „Крстарица“.