
Ешерихија коли „демне“ во базените: Ова мора да го знаете доколку планирате да пливате
Штом ќе почне топлото време на базените се зголемува бројот на капачите, а со тоа и на оние кои „фаќаат“ кожни, габични и гинеколошки инфекции и бактерии.
Препорачано
Жените почесто имаат проблеми со уринарни инфекции во лето отколку мажите.
„Жените се почувствителни од мажите кога се во прашање уринарните инфекции, меѓу другото и поради анатомијата на уринарниот тракт. Во летниот период особено влијае пливањето во базени и реки, како и високите температури и зголеменото потење. Носење костими за капење кои се претежно синтетички и затоа треба што почесто да се менуваат“, објаснува Слаѓана Раовиќ, гинеколог, пишува „Б92“.
Докторката посочува и дека ешерихија коли е најчеста причина за инфекции и дека ја има во базените.
Списокот на проблеми кои можат да се појават после пливање во базен се:
– настинка
– алергија на хлор
– кожни и габични заболувања
– инфекција со ешерихија коли
– цревни инфекции
– инфекции на увото и очите
– уринарни и вагинални инфекции
– воспаление на мочниот меур и јајниците
Меѓутоа, уринарните и вагиналните инфекции може да се добијат и преку крпи, па затоа се советува една работа особено.
“Вагиналните и уринарните инфекции може да се пренесат со било кој начин на контакт, во зависност од ситуацијата, па дури и седејќи на базен. Затоа на жените секогаш им кажуваме да не седат само во костим за капење во кафулињата и базените. Не треба да седнувате секаде така, треба да си понесете пешкир“, вели докторката.