
Есен и нејзините правила: Како треба да се облекува секој хороскопски знак за да блесне во својата убавина
Секој од вас има свој стил и свои бои, но не е на одмет малку да погледнете што ви велат ѕвездите. Понекогаш е добро да ги усголасите боите на облеката со годишниот период и неговите бои, понекогаш е спротивно, зависи од хороскопскиот знак и што на кого му е потребно.
Препорачано
Овен
Својата внатрешна убавина обвиткајте ја со колоритна облека како што се есенските лисја, ќе ви годи. Детаљ, како што е шал во боја на темна вишња или марама во комбинација со крем мантил или лесен тенок капут се одличен избор. Вам ви е потребен оптимизам кога ќе почнат првите есенски денови, а ваквите бои се токму она што во е потребно. Воедно и ќе ве подготви за есенсиот ветар.
Бик
Вие умеете да уживате во временските промени кои есента ги донесува. Копнеете по сонце и сигурно многу време поминувате надвор, обновувајќи ја својата енергија. Не заборавајте на потенцијалните проблеми како што се сувата кожа и испуканите усни од ветерот.
Близнаци
Вие сте некој кој многу води сметка за своите финансии, и во исто време има потреба ада изгледа модерно. За да го постигнете и едното и другото, поедноставете ги работите така што ќе прибегнете кон стариот трик: ставете акцент на шминката! Суптилан маскара и алајнер ќе ви помогнат да го истакнете прекраснот колорит на вашите очи, а хулахопките во различни дезени ќе направите токму оној вистинскиот, шарен есенски чекор кој го сакате.
Рак
Обновете ја својата гардероба со морско-зелена и небесно-сина боја, Тоа се вашите бои оваа есен и токму тие ќе ви помогнат да го преболите недостигот на сонцето. Не заборавајте ја својата блескава маскара за да го истакнете својот, секогаш буден поглед!
Лав
Китнестата облека едноставно ве мами оваа сезона. Но, не заборавајте: Помалку е повеќе! Побарајте некој блескав детаљ во комбинација со минималистичко парче облека – црниот мантил ќе биде одлична подлога за светкав накит, марама, чанта.
Девица
Оваа есен, со својата шик мода, им припаѓа на Девиците. Беспрекорно изработената облека, со совршена фризура ќе изгледате како да се наоѓате на насловната страница на „Вог“.
Вага
Направете некои радикални промени во вашиот стил. Исфрлете ја крем сенката за очи и нежниот кармин, и употребете малку поинтензивна боја на алајнер и потемен кармин за да ја истакнете својта необична убавина. Црвената е, оваа есен, ваша боја.
Скорпија
Време е да ја промените фризурата. Направете шишки, доколку никогаш не сте ги носеле, или можеби кадрици, доколку вашата коса секогаш била рамна. Охрабрете се да бидете поинакви!
Стрелец
Ова ќе биде вистинско време за вас, особено септември. Подгответе се да блеснете на забавите со гламурозна облека. Деталите се од исклучително значење.
Јарец
И оваа есен ќе бидете опседнати со вашите бои, темно портокалова и зелена во нијанса на трева. Тие се токму она што ве прави посебни и ве истакнуваат на најдобар можен начин, бојата на вашиот тен и косата. И понатаму бидете и верни на едноставната облека.
Водолија
Оваа есен малку недостасува нова облека во вашиот плакар. Не грижете се, вие секогаш успевате одлично да изгледате и да направите прекрасен избор. Можеби е сега вистинското време да воведете големи промени во својот стил на облекување и шминкање. За почеток, обидете се со комплетно нова шминка, и ќе блескате во текот на сезоната.
Риби
Ќе можете спокојно да уживате во есента единствено доколку сте задоволни со својот стајлинг. Обидете се да престанете со импулсивното купување облека, наместо само онаа што ви е потребна. Погледнете го малку својот гардеробер и видете што можете да искористите: некоја блуза, панталони или можеби, оној прекрасен брош кој ќе блесне на вашето палто.