ЕУ знаме / Фото EPA-EFE/OLIVIER HOSLET

Ерменија го прави првиот чекор кон пристапувањето во ЕУ – владата го одобрува законот

Оваа јужнокавкаска земја претходно ја изнесе идејата за приклучување кон блокот како дел од општата промена кон Запад.

Владата на Ерменија официјално го одобри нацрт-законот во четвртокот, со кој се иницира нејзиниот процес за пристапување во Европската унија, пренесува Еуроњуз.

Предлог-законот сега ќе биде претставен пред парламентот на земјата. Ерменскиот премиер Никол Пашинјан во четвртокот предупреди дека јавноста не треба да очекува брз пристап во ЕУ, нагласувајќи дека прво ќе треба да се одобри преку референдум.

Еден ден пред владата да го поддржи нацрт-законот, министерот за надворешни работи на Ерменија Арарат Мирзојан објави дека земјата би можела да потпише ново партнерство со Брисел во наредните месеци, што би можело да вклучи визна либерализација.

Во последниве години, оваа земја од поранешниот Советски Сојуз ги продлабочи врските со Западот и се оддалечи од Москва.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави за државната новинска агенција ТАСС дека „Ова (намерата за влез во ЕУ) е дефинитивно суверено право на земјата“.

Сепак, рече Песков, Ерменија не може да се приклучи на ЕУ додека останува дел од Евроазиската економска унија (ЕАЕУ), економски блок од пет постсоветски држави во Евроазија.

„Сигурни сме дека членството на Ерменија во ЕАЕУ им прави многу добро“, заклучи Песков.

Приклучувањето кон ЕУ може да биде напорен, долгогодишен процес што само три други поранешни членки на Советскиот Сојуз – Естонија, Латвија и Литванија – веќе го завршија.

Патот на Ерменија кон членство во ЕУ можеби не е јасен. Земјата без излез на море не дели граница со ЕУ и останува во голема мера економски зависна од Москва. Taму се наоѓа и руска воена база.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот