фото: Luc Meynaerts/kvcwesterlo.be

Ердон Даци е повикан во македонската А фудбалска репрезентација

На 14 октомври од 15.00 часот на „Епет Арена“ во Прага, Чешка, македонската фудбалска А репрезентација ќе го игра новиот натпревар од квалификациите за ЕП 2024 против селекцијата на Украина.

Нашиот селектор Благоја Милевски го објави списокот од 25 фудбалери за претстојниот дуел со Украинците, како и за пријателската средба против Ерменија во Струмица на 17.00 часот од 15.00 часот.

За денеска е закажан официјалниот собир на најдобрите македонски фудбалери во х. Хилтон во Скопје.

Воедно дојде нова информација за дополнителен повик во А репрезентацијата на Македонија. Милевски го повика играчот на белгискиот клуб Вестерло, Ердон Даци, и тој ќе биде присутен на денешниот собир.

Овој 25-годишен напаѓач ја игра третата сезона за Вестерло, во новата до сега запиша четири настапи и еден гол кој го постигна пред два дена во победата над Кортријк (1:0) во тамошната белгиска Про лига.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот