Ердоган / Фото: Mehmet Kaman / AFP / Profimedia

Ердоган го нарече Хамас „ослободителна организација“

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека палестинската милитантна група Хамас не е терористичка, туку ослободителна организација која се бори да ја заштити својата земја.

Во обраќањето до членовите на неговата партија во парламентот, Ердоган рече дека Израел ги искористи добрите намери на Турција и дека нема да оди во Израел како што претходно беше планирано, пренесуваат британските медиуми.

Шефот на турската дипломатија, Хакан Фидам претходно денеска најави дека израелската копнена операција во Газа ќе го претвори тамошниот конфликт во масакр.

На заедничка прес-конференција со неговиот катарски колега во Доха, Фидан кажа дека оние кои ги поддржуваат акциите на Израел под изговор на солидарност се „соучесници во неговите злосторства“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот