Европски парламент/ Фото: EPA-EFE/OLIVIER HOSLET

ЕП ја прогласи Русија за спонзор на тероризмот

Пратениците на Европскиот парламент ја прогласија Русија за „држава спонзор на тероризмот“, јави Еуроњуз.

Парламентот денеска усвои резолуција за најновите случувања во „руската брутална, агресивна војна против Украина“. Претставниците истакнаа дека намерните напади и злосторства извршени од страна на руските сили и нивните агенти врз цивилите во Украина, уништувањето на цивилната инфраструктура и другите сериозни прекршувања на меѓународното и хуманитарното право претставуваат акти на тероризам и воени злосторства.

Во овој контекст, тие ја сметаат Русија за држава која го спонзорира тероризмот и држава која „користи средства за тероризам“.

Со оглед на тоа што ЕУ во моментов не може официјално да прогласува држави за спонзори на тероризмот, Парламентот бара да се донесе соодветна правна рамка. Овој предлог потоа треба да биде испратен до Советот за да биде разгледана можноста за додавање на Русија на таквата листа на ЕУ на држави кои го спонзорираат тероризмот. Ова би предизвикало силни рестриктивни мерки против Москва и би имало значителни рестриктивни последици врз односите на ЕУ со Русија.

Во меѓувреме, пратениците го повикуваат Советот да ги вклучи руската група Вагнер и 141-та специјална моторизирана единица позната како „Кадровити“, како и други вооружени групи, паравоени единици и посредници финансирани од Русија, на списокот на терористи на ЕУ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот