Македонските јуниорки декласирани и од Хрватска/Фото: kfsm.mk

ЕП, Б дивизија: Јуниорките постигнаа само три поени за една четвртина против Хрватска

Македонската женска јуниорска репрезентација со денешниот натпревар против Хрватска ја заврши групната фаза од натпреварувањето во рамки на Европското Првенство за кошаркарки до 18 години, дивизија Б, кое од 30 јули се игра во Бугарија.

Избраничките на селекторот Никола Златев загубија од Хрватска со 43:96 односно 3:33, 14:24, 16:27 и 10:12 по четвртини.

Најефикасна во нашата селекција беше Лиле Миткова со 11 поени, а на спротивната страна Ивона Јаковљевиќ постигна 16 поени.

Со овој меч официјално заврши првичната групна фаза, а сега следат натпреварите од разигрувањето за конечен пласман на ЕП. Нашите кошаркарки, како петторангирани во групата „А“ од вкупно пет репрезентации, ќе разигруваат против Естонија во првиот дуел во борбата за пласман од 9-18 место на првенството.

РЕЗУЛТАТИ:

Португалија – Македонија 94:27
Македонија – Луксембург 55:91
Велика Британија – Македонија 71:54
Македонија – Хрватска 43:96

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот