
ЕП 2024: Србија на 30 секунди пред крајот прокоцка два гола предност против Исланд
Во рамките од првото коло во групата „Ц“ на Европското ракометно првенство репрезентациите на Србија и Исланд ремизираа 27:27 во Минхен.
Препорачано
После израмнувачкиот почеток, Исланѓаните со серија од 4:0 на семафорот имаа предност од 7:4. Србија недолго потоа возврати и израмни со три врзани гола. Финишот на првиот дел сепак им припадна на Исланѓаните. Во неколку наврати имаа и два гола предност, но Пешмалбек намали на 11:10 и го постави конечниот резултат по првото полувреме.
Блескаа голманите кои заедно направија 18 одбрани. Виктор Халгримсон имаше дури 10, а Дејан Милосављев две помалку.
Is this the "????? ?? ??? ??????????" ?? ??
Bjarki Mar Elisson is the Grundfos Player of theMatch ?? #ehfeuro2024 #HERETOPLAY pic.twitter.com/IefA1CwNzw
— EHF EURO (@EHFEURO) January 12, 2024
На стартот од вториот дел голманот на Србија одбрани седмерец, а потоа соиграчите со два гола го сменија резултатот за 12:11. Во 40. минута, по голот на Којадиновиќ, Србија првпат стигна до два гола предност 15:13.
Во други два наврати Србија имаше два гола предност, а во 48. минута го прокоцка нападот за плус три. Елисон казни од контра и намали на 19:18.
Србите успеаја да стигнат до три гола предност по голот на Илиќ (21:18). При резултат 23:20 беше исклучен Марсениќ, што Исланд искористи да дојде на минус еден (23:22) на седум минути до крајот.
Тоа не ја поколеба Србија, па Ѓорѓиќ на две минути пред крајот и донесе предност од три гола на Србија 27:24. И кога сите за момент помислија дека српските ракометари ќе дојде до победата, се случи чудо на крајот, Исланд не дозволи на крајот да биде поразен и дојде до бод (27:27)..
Кај Србија најефикасен беше Пешмалбек со шест гола, а на другата страна Елисон со седум. Во следното коло Исланд ќе игра против Црна Гора, додека Србија за противник ќе ја има Унгарија.