фото: EPA-EFE/TATYANA ZENKOVICH

ЕП 2024: Францускиот селектор Гијом Жил со 19 ракометари пред дуелот со Македонија

Селекторот на Франција, Гијом Жил го објави конечниот список на ракометари за Европското првенство во Германија.

Жил нема да смета на услугите на двајца играчи на Нант, левиот бек Тибо Брије и средниот бек Емерик Мин.

После лесната повреда на десното крило Јанис Лен, францускиот селектор не сакаше да ризикува и дополнително го повика Беноа Конкуа од Кјелце.

Жил во својот состав има 19 ракометари, а сите освен еден репрезентативец се во клубови кои настапуваат во ЕХФ Лигата на шампионите.

Французите, кои се едни од фаворитите за титулата на претстојното ЕП, имаа два контролни натпревари во кои остварија победи над Тунис (35:26) и Бразил (37:28).

Првиот меч на Европското првенство, селекцијата на Франција ќе го има на 10 јануари во Диселдорф од 18.00 часот во рамките од групата „А“ против репрезентацијата на Македонија.

Најдобрите македонски ракометари ја совладаа Грција во првиот контролен меч

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот