
Енергетскиот сектор на Украина изгуби значителен дел од производството
Украинскиот енергетски сектор загуби значителен дел од своето производство и повторно има потреба од рационална потрошувачка на електрична енергија, предупреди претседателот на Украина Зеленски. Вели дека се потребни многу напори за да се врати дел од производството.
Препорачано
„Сега, по руските удари, нашиот енергетски сектор загуби значителен дел од своето производство. Потребно е време за да се врати. Потребни се многу напори за понатамошен развој на енергетскиот сектор – новиот енергетски сектор, кој ќе може да функционира и покрај заканите од рускиот терор. Покрај тоа, веќе се подготвуваме за следната грејна сезона, која вклучува, особено, закажани поправки и подготовка на нуклеарно производство. Затоа, повторно има потреба од многу рационална, промислена потрошувачка на електрична енергија. И на ниво на Влада и на ниво на регионални и локални власти, како и на ниво на енергетски компании, треба да обезбедиме јавноста да биде целосно информирана за тоа како сега се случуваат прекини на струја, кога има врвно оптоварување и зошто ни треба секој да биде свесен за својата потрошувачка. Се разбира, работиме на Украина да и обезбедиме поголема заштита од воздушна одбрана. Работиме со сите наши партнери на редовна основа и ги убедуваме“, рече украинскиот претседател, пренесе „Укринформ“.
Зеленски вели дека се прават последните подготовки за мировниот самит што ќе се одржи во јуни во Швајцарија.
„Ова е првата вистинска можност да се доближи праведен крај на оваа војна. На денешната средба присуствуваа тимот на Канцеларијата, нашите меѓународни експерти и сите вклучени во работата со партнерите на Самитот. Имаме речиси еден месец до Самитот, еден месец од нашата работа. Веќе имаме потврди од држави од сите континенти за учество на Самитот. Дефинитивно ќе продолжиме да работиме на сите нивоа за настанот да биде ефективен. Ќе ја продолжам мојата комуникација со лидерите, тимот ќе продолжи да работи на ниво на советници за национална безбедност, како и на Министерството за надворешни работи, Собранието, граѓанските лидери… А ние исто така ги користиме нашите неформални врски со партнерите. Украина и многу други земји веќе поминаа низ толку многу руски подлости и измами – руски прекршувања на договорите и ветувањата, што само светското мнозинство заедно може да обезбеди дека Русија е ефективно принудена да ја почитува Повелбата на ОН, меѓународното право и вистинскиот мир“, додаде Зеленски.