Фото: ЦСКА

Емил Рајковиќ го посети претепаниот Швед во болницата

Македонскиот интернационалец Емил Рајковиќ кој со успех го води тимот на ЦСКА Москва денес го посети во болница претепаниот играч на овој тим Алексеј Швед.

Швед пред два дена беше брутално претепан од незадоволни хулигани пред ресторан во Москва. Кошаркарот прво влегол во расправија со сторителите, а причина била елиминацијата од плеј-офот од тимот на Локомотив Кубан.

Со посетата на Рајковиќ и уште неколку лица на стручниот штаб на тимот во болница само уште еднаш се покажува сериозноста на овој инцидент. Засега не е познато колку Швед ќе биде надвор од терените поради повредите добиени во нападот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!