epa-efe
EPA/ALBA VIGARAY

Ема Вотсон за повлекувањето од актерството: Не ми недостасува да продавам нешта, тоа беше разорно за душата

Глумицата Ема Вотсон, најпозната по улогата на Хермиона Гренџер во филмската франшиза „Хари Потер“ (Harry Potter), во своето последно интервју за списанието „Пипл“ се осврна на својата актерска кариера и на тоа што ѝ недостасува откако се повлече од филмската индустрија.

Иако признава дека на некој начин со актерството „ја освоила лотаријата“, Вотсон истакна дека постојат многу аспекти што не ѝ недостигаат, а особено е среќна што повеќе не мора да биде дел од таа индустрија.

„Поголем дел од самата работа е промоцијата и продажбата на тоа уметничко дело. Таа рамнотежа може да биде нарушена. Ако бидам искрена, не ми недостасува да продавам нешта. Тоа го доживував како разорно за душата“, изјави актерката, која легендарната Хермиона ја оживеа на само 11 години. Ликот го толкуваше во сите осум филмови од франшизата, а имаше 21 година кога последниот дел излезе во 2011 година.

По „Хари Потер“ сагата, продолжи да снима во големи филмски проекти, меѓу кои најпозната е улогата на Бела во „Убавицата и ѕверот“ (Beauty and the Beast) од 2017 година. Нејзината последна улога беше во адаптацијата на „Мали жени“ (Little Women) од 2019 година, каде што ја толкуваше најстарата сестра, Мег Марч.

„Многу ми недостига да го користам својот сет на вештини и многу ми недостасува уметноста. Само сфатив дека имав премалку прилики да работам она што навистина го сакам“, призна Вотсон.

Оригиналната актерска екипа на серијалот за Хари Потер / Фото: Profimedia

Таа објасни дека актерите често мораат да се „расцепкаат на повеќе личности“, носејќи го товарот и на ликот на екранот и на јавната личност надвор од него.

„Тоа е енергетски многу исцрпувачко“, додаде.

Откако се откажа од тие „повеќеслојни идентитети“, како што рече, добила повеќе простор да биде подобра сестра, ќерка, пријателка и внука, а потоа и уметница која може критички да размислува на свој начин.

Иако денес на филмската индустрија гледа со поинакви очи и не планира да се врати целосно на филмската сцена, убавите спомени од колегите и проектите не бледнеат – особено од периодот на „Хари Потер“.

Во октомври 2022 година, нејзиниот колега од франшизата, Том Фелтон, ги објави своите мемоари, за кои токму Вотсон го напиша предговорот. Во него откри дека со Фелтон отсекогаш имале посебна врска, нарекувајќи го своја „сродна душа“ и нивното пријателство „една од најчистите љубови што може да се замислат“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот