фото: EPA-EFE/JUSTIN LANE

Ема Наваро е првата полуфиналистка на САД опен

Американската тенисерка Ема Наваро прва се пласираше во полуфиналето на САД опен во сингл за жени, откако беше подобра од Паула Бадоса од Шпанија, со максимални 2:0 во сетови (6:2, 7:5).

Наваро, 12 тенисерка во светот, на ВТА листата, тоа го направи за 74 минути со послабо рангираната ривалка (29), на општо задоволство на нејзините сонародници на трибините на њујоршкиот тениски комплекс „Артур Еш“.

Првиот дел од мечот го доби убедливо, беа доволни два брејка да ја надигра противничката од другата страна на мрежата.

Во вториот сет Бадоса беше многу блиску до израмнување, водеше со 5:1, но и покрај таквата висока позитива, не успеа да го освои сет.

Наваро направи огромен пресврт и доби шест гемови по ред за конечни 2:0. Шпанската тенисерка во полуфиналето ќе игра против подобрата од мечот меѓу Белорусинката Арина Сабаленка и Кинвен Женг од Кина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот