Елтон Џон / Фото: EPA-EFE/JULIAN SMITH AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT

Елтон Џон откри каква бизарна молба имал до докторт кој го оперирал: „Беше доста изненаден …“

Елтон Џон веќе некое време има здравствени проблеми и неколку операции во последните неколку години

Музичарот Елтон Џон имал операција на двете колена во последните години, како и операција на колкот по падот, што го принудило да ја одложи својата проштална турнеја во 2021 година. Сега тој откри дека имал бизарна молба пред операциите што го шокирале неговиот доктор.

Музичарот откри како, со помош на дизајнерот Тео Фенел, ја претворил својата чашка od коленото во накит.

„Кога ми ја извадија левата, а потоа и десната чашка од коленото го прашав хирургот дали можам да ги задржам, што го изненади доста“, рече тој во документарецот „Touched By Gold“.

Дизајнерот потоа го објасни процесот на изработка на ѓерданот, кој изгледа како „стар артефакт од Египет“.

„Моравме да ги испечеме за да се исушат. Потоа станаа сурови како пемза, многу се порозни, па моравме да ги обоиме со ацетат, а потоа само да ги исполираме“, изјави Елтон додаде:

„Хирургот ми рече дека ги имам најлошите колена што некогаш ги оперирал.“

Тео исто така откри дека на задната страна од накитот напишал:

„Нема повторно да се поклонувам пред ниту еден маж“, а потоа се пошегува: „Што, се разбира, не можете без чашка за колена.“

Џон првпат го носеше необичниот ѓердан на премиерата на филмот „Никогаш не е доцна“ на Лондонскиот филмски фестивал. Во тоа време, се пошегува дека „не останало многу од него“.

„Немам крајници, аденоиди и слепо црево. Немам простата. Немам десен колк, лево колено и десно колено. Всушност, единственото нешто што ми остана е левиот колк. Но, сè уште сум тука“, рече тој.

Музичарот веќе некое време се бори со здравствени проблеми. Минатата година откри дека се борел со сериозна инфекција на очите, која го оставила речиси слеп на едното око.

„Во текот на летото се борев со сериозна инфекција на очите која за жал ме остави со ограничен вид на едното око. Закрепнувам, но тоа е многу бавен процес и ќе потрае некое време пред да ми се врати видот“, откри тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот