Елмас одигра 20-тина минути, Лајпциг славеше против Хајденхајм

Фото: RB Leipzig

Репрезентативецот на Македонија, Елиф Елмас и викендов не беше стартер во редовите на Лајпциг кој славеше победа од 2:1 против Хајденхајм.

Елмас во игра влезе во 79. минута кога на семафорот резултатот беше 1:1 и одигра околу 20-тина минути бидејќи натпреварот имаше долго судиско продолжени. Беше блиску македонскиот репрезентативец и до асистенција, но голот кој го постигна Лајпциг за 3:1 на кој тој беше асистент беше поништен поради офсајд.

Стрелци за Лајпциг беа Шешко во првиот дел и Опенда во завршницата. На табелата во Бундеслигата Лајпциг води голема битка со Борусија за четвртото место.

Во останатите натпревари Дармштад на гости го победи Келн со 0:2, Хофенхајм во натпревар со седум гола славеше над Менхенгалдбај 4:3, додека Волфсбург го доби Бохум со 1:0.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот