EPA EFE
Коронавирусот во Шпанија/ Фото: EPA-EFE/JESUS DIGES

Ел Паис: Вистинскиот број на починати од Ковид-19 во Шпанија веројатно е за 60 отсто поголем

Земајќи ја предвид статистиката по региони за сите случаи за кои постои сомневање или е потврдено дека починале од коронавирусот, „Ел Паис” дошле до бројка од 44.868, што може да претставува реален број на луѓе кои починале од ефектите на Ковид-19.

Вистинскиот број на луѓе кои починале од Ковид-19 во Шпанија би можел да биде речиси 60 проценти повисок од официјалните 28.432, судејќи според истражувањето објавено во „Ел Паис”.

Во Шпанија, официјалниот број на смртни случаи од Ковид-19 ги вклучува само оние пациенти кај кои болеста формално била потврдена со тестирање, но не и оние случаи за кои постои сомнение дека биле заразени со коронавирусот, но кои никогаш не биле тестирани. Малиот обем на тестови извршени на коронавирус, особено по избувнување на пандемијата, значи дека официјалните бројки може да бидат помали од реалните податоци, како во многу други земји.

Земајќи ја предвид статистиката по региони за сите случаи за кои постои сомневање или е потврдено дека починале од коронавирусот, „Ел Паис” дошле до бројка од 44.868, што може да претставува реален број на луѓе кои починале од ефектите на Ковид-19. Доколку се покажат како точни овие податоци, тоа би значело дека Шпанија би можела да биде на второто место во однос на бројот на починати од коронавирусот во Европа, зад Велика Британија.

Бројките презентирани од „Ел Паис” приближно се совпаѓаат со податоците на Националниот епидемиолошки центар и Националниот центар за статистика, кој открива зголемување на стапката на смртност во споредба со бројот на смртни случаи низ целата земја со просекот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот