
„Ел Класико“ му припадна на Реал – „кралевите“ ќе ја бркаат 11 евролигашка титула
Кошаркарите на Реал Мадрид ќе играат во финалето на Фајнал-фор турнирот во Евролигата во Каунас откако во полуфиналната фаза во шпанската пресметка ја совладаа Барселона со 78:66. „Кралскиот“ клуб има 10 титули шампион на Европа, а против Олимпијакос ќе играат за 11 трофеј.
Препорачано
Барселона го контролираше резултатот во текот на целото прво полувреме, а на стартот од третиот дел имаше и „плус осум“ (47:39), но потоа Реал со серија од 15:0 целосно се врати и стекна предност од „плус седум“. Каталонците погодија дури девет тројки, од кои Абринес три, Калиниќ и Јурик по две.
Барса успеа да одговори, да израмни, а на шест минути пред крајот на мечот при 58:58, Николас Лапровитола направи намерна лична грешка, која Реал ја искористи за да оди на „плус седум“, девет поени во низа реализираше Серхио Родригез, за 67:60 за Реал на 04:35 мин. до крајот на средбата.
Барселона не можеше да се врати резултатски, па Реал рутински го приведе натпреварот до крај.
Валтер Таварес го предводеше Реал со 20 поени, Марио Хезоња постигна 14, Серхио Родригез 12 и Најџел Вилијамс-Гос 10. Алекс Абринес имаше 16 поени за Барселона, Николас Лапровитола 12, Кајл Курик 11.
Олимпијакос е првиот финалист во Евролигата, Монако во третата четвртина постигна само два поени