
Експертите: Првиот симптом на висок холестерол може да се појави нoќе
Ако го почувствувате ова во текот на ноќта, тоа може да биде знак дека холестеролот се насобрал во вашите артерии.
Препорачано
Тивок, но смртоносен, високиот холестерол честопати не сака да покаже многу предупредувачки знаци додека ја поставува основата за сериозни здравствени проблеми како што се срцевите болести. Меѓутоа, некои симптоми може да се појават откако масната супстанција ќе се наталожи во вашите артерии. Еден показател за овој процес може да се појави ноќе.
Главниот фактор на ризик за развој на болести на срцето и крвните садови е токму зголемениот холестерол. Некои симптоми може да се појават во мошне рана фаза, односно откако маснотијата на ѕидот на артеријата штотуку ќе почне да се таложи, а според зборовите лекарите, првите знаци на оваа состојба се појавуваат најмногу ноќе.
Таложењето на маснотии во артериите е предизвикана од избегнувањето лекувањето на високите нивоа на холестерол. Покрај тоа, се појавува помал проток на крвта во крвните садови, пишува британски „Експрес“.
Доктор Адам Стејтен објаснува дека тоа значи дека мускулите и ткивата во телото немаат доволно добро снабдување со крв, што лесно може да доведе до состојба позната како болест на периферните артерии.
– Тоа е истиот процес што додведува до срцев удар и мозочен удар, но со оваа состојба примарно се зафатени артериите на нозете, а поретко во рацете – додава Стејтен.
Според извештаите од Клиниката Кливленд, првите симптоми на висок холестерол кај болестите на периферните артерии се обично болка, грчеви и непријатност во нозете, а најчесто се појавуваат во текот на ноќта, со што го нарушуваат сонот на заболената личност.