Украинскиот претседател Зеленски/ЕПА

Експертите не се оптимисти дека Украина за брзо време ќе влезе во НАТО

Не сум оптимист дека наскоро ќе се случи членство на Украина во НАТО, рече Васко Наумовски, универзитетски професор и поранешен македонски амбасадор во САД, во вечерашната дебата во „Топ тема“ на Телма ТВ.

„Она што е потребно на краток рок е да се најде начин да се заврши војната во Украина. И оние средби на Орбан, по преземање на претседателството со советот на Европската унија, во суштина се наменети да се претстави Унгарија како една земја која има комуникација со големите држави, комуникација каква што немаат останатите големи држави, членки на Европската Унија. И да се обиде да направи некаков исчекор во однос на тие долгоочекувани преговори за завршување на војната во Украина“, истакна Наумовски.

Тој додаде дека „однесувањето на унгарскиот премиер и посетите беа осудени од високи претставници на Европската Унија“, меѓутоа, смета Наумовски, „и останатите лидери на Европската унија потајно се надеваат дека средбите што ги оствари Орбан, ќе придонесат за завршување на војната, затоа што едноставно и европските економии се исцрпени од оваа војна“.

„Верувам дека, ете, можеби не формално, меѓутоа зад кулисите, Орбан ќе добие поддршка и од многу други држави, членки на Европската Унија, да продолжи со напорите да пренесе определени пораки меѓу Киев, Москва, Пекинг и, да видиме, најпосле какви ќе бидат резултатите од претседателските избори во САД“, вели Наумовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот