
Експерт открива: Овој тип на куфер има најголема веројатност да го изгубите на патувањата
Иако е само јануари, многу луѓе веќе почнуваат да размислуваат за своите патувачки планови, а тоа го вклучува и изборот на куфер.
Препорачано
Постојат многу опции, а причините за размислување за типот на куферот што треба да го изберете се многубројни. Сакате куфер во светли бои? Тврди или меки страни? Што е со големината? Искрено, има многу за размислување, но кога конечно ќе донесете одлука, ќе се чувствувате одлично… додека вашиот куфер не исчезне, пишува „Унилад“.
Откако ќе поминете низ обезбедувањето и ќе се качите на летот, можеби ќе помислите дека сè е готово и дека сè што треба да направите е да го земете багажот на вашата дестинација.
Но, постои еден фактор што можеби не сте го земале предвид при изборот на куфер. Постои специфичен тип на куфер кој има дури 40 проценти поголема веројатност да исчезне.
Според истражувањето на „Еминент“, луѓето почесто избираат црни куфери, што ги отежнува препознавањето меѓу другите. Зошто тоа прави разлика?
Експертот за патувања Џејми Фрејзер, објасни дека е клучно да се препознае куферот на лентата за багаж.
Фрејзер рече да избегнувате црни куфери, кои обично имаат тркалца, ако не сакате да ги мешате вашите со туѓи. Според него, „црните куфери се најчестиот вид багаж на глобално ниво, што ги прави најтешки за идентификување и најверојатно исчезнување“.
„Наместо тоа, изберете пошарена варијанта или додајте уникатни детали што ќе го направат лесно препознатлив“, рекол тој, додавајќи дека ознаката за податоци треба да биде безбедно прикачена и на рачката на куферот, без оглед на неговата боја.