фото: EPA-EFE/CIRO FUSCO

Екс тренерот на Елиф Елмас ќе биде новиот селектор на Италија?!

Во текот на вчерашниот ден беше донесена одлука Роберто Манчини повеќе да не биде селектор на најдобрата италијанска фудбалска репрезентација.

Веднаш тамошните медиуми објавија листа од неколку кандидати кои би можеле да седнат на клупата на актуелниот европски шампион.

Кориере дело Спорт“ денеска пренесува дека Лучано Спалети (64) најверојатно ќе биде новиот селектор на Италија.

Станува збор за искусен тренер кој до крајот на минатата сезона го тренираше македонскиот репрезентативец Елиф Елмас и со Наполи успеа да ја освои титулата во Серија А.

Во својата клупска кариера ги водеше и Емполи, Сампдорија, Венеција, Удинезе, Анкона, Рома, Зенит Ст. Петерсбург и Интер.

Доколку излезат како точни информациите, Спалети ќе дебитира на клупата на италијанската репрезентација на 9 септември во Скопје против Македонија во квалификациите за ЕП 2024.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот