Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

ЕХФ: Марко Митев, голем перспективен ракометар кој ги воодушеви клубовите низ Европа
Ракометниот клуб Алкалоид се подготвува за новиот предизвик во ЕХФ Европскиот куп каде в сабота ќе го игра првиот натпревар од осминафиналето против Бриксен во Италија.
Препорачано
Европската ракометна федерација (ЕХФ) во својата најава за првите мечеви во оваа фаза од натпреварувањето, го промовираше играчот на Алкалоид, и воедно член на македонската сениорска репрезентација, Марко Митев.
Тој е еден од возбудливите млади играчи кои се обидуваат да стекнат важно меѓународно искуство во Европскиот куп на ЕХФ и да се прослават. Митев на крајот на февруари ќе има само 22 години, но ги воодушеви не само својот тренер, легендата Кирил Лазаров, туку наводно и клубовите низ Европа.
Митев на Светското првенство во јануари беше составен дел од македонскиот тим кој направи голем исчекор во однос на последните турнири. Средниот бек на Алкалоид на шест натпревари постигна 22 гола и додаде 14 асистенции за својата репрезентација.
– Тој може да се приклучи на списокот на играчи како Арпад Штербик, Деан Бомбач, Роберт Вебер, Питер Јоханесон и Мануел Зендер, кои сите играа во ова натпреварување или неговиот претходник и отидоа во најголемите клубови на континентот. Запомнете го неговото име – стои во објавата на Европската ракометна федерација.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
27мин
-
47мин
-
1час
-
2час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5