Едно лице повредено во сообраќајна несреќа меѓу комбе и камион во Валандовско

Во сообраќајна несреќа во Валандовско едно лице е тешко повредено.

Како што информираат од МВР, вчера наутро на регионалниот пат с.Фурка – Валандово, во близина на село Дедели, валандовско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно моторно возило „фолксваген кеди“ со валандовски регистарски ознаки, управувано од В.Г.(56) од Валандово и товарно возило влекач „сканиа“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од З.Р.(47) од Радовиш. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот В.Г., констатирани во Општата болница Гевгелија.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Валандово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот