Сообраќајна несреќа на патот Гостивар-Кичево / фото: МКД.мк

Една жртва во сообраќајката на патот Гостивар-Кичево, неофицијално во несреќата учествувал и Зоран Милевски – Кичеец

Во тешката сообраќајна несреќа поради која попладнево е во прекин сообраќајот на магистралниот пат Гостивар-Кичево, загинало едно лице, а седуммина се пренесени на лекување во гостиварската болница „Д-р Ферид Мурат“, потврди полицијата.

Според СВР Тетово, во несреќата учествувале три возила: џип „Мерцедес“, автомобил „БМВ“ и камионет, а загинатото лице било патник во камионетот.

Повикувајќи се на изјави на очевидци, порталот МКД.мк објави дека во сообраќајката учествувал и Зоран Милевски-Кичеец, кој е еден од осудените во случајот „Рекет“.

Увид на местото на несреќата, кај Новоселски пат, вршат јавен обвинител и екипа на МВР. Сообраќајот е во прекин од 15 часот и 30 минути.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот