Тројцата најбогати луѓе на светот еден покрај друг - Фото ЕПА, Рики Кариоти

Една фотографија – илјада милијарди долари

Само вториот ред од десната страна зад Трамп на инаугурацијата вредеше околу 1 билион долари. Таму, еден до друг, беа „олигарсите“, како што во прошталниот говор ги нарече веќе поранешниот претседател Џо Бајден.

Најблизу до претседателот, и на инаугурацијата и во администрацијата, е Илон Маск, мнозински сопственик на „Тесла“, „Спејсикс“ и на платформата Икс, со богатство проценето на 433,9 милијарди долари. Подалеку од Трамп во редот беа Џеф Безос, сопственик на „Амазон“, „Блу ориџин“ и „Вашингтон пост“, со богатство проценето на 239,4 милијарди долари, и Марк Закерберг, сопственик на „Мета“ и на платформите Фејсбук и Инстаграм, со богатство од 211,8 милијарди долари. Меѓу нив беше и влијателниот но посиромашен Сундар Пичај, директорот на „Алфабет“ и „Гугл“, со скромно богатство од 1,3 милијарда долари.

За да се надмине границата од 1 билион, потребна беше поддршка од левото крило на Трамп. Таму во третиот ред зад поранешните претседатели Џо Бајден, Бил Клинтон, Џорџ Буш и Барак Обама, беше Бернар Арно, францускиот моден магнат со богатство проценето на 181,3 милијарди долари. Во салата беа и Мирјам Аделсон со проценето богатство од 31,9 милијарди долари и Руперт Мардок, сопственик на телевизијата „Фокс“, на „Волстрит џурнал“ и на „Њујорк пост“, со богатство од 22,2 милијарди долари.

Богатството на само шестемина најбогати гости, без да се додаваат сумите на другите милијардери и милионери во салата, изнесува 1,12 билион долари, повеќе од бруто-домашниот производ на Холандија, Саудиска Арабија или Турција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот