Фото: Принтскрин/Јутјуб

Единствените чизми кои ќе ги носите оваа сезона: Неодоливо се привлечни и визуелно ги издолжуваат нозете

Од модните писти до градските улици, оваа есен вистински моден тренд се чизмите над колена, широки или тесни, во есенски велур или класични кожни верзии, секогаш изгледаат софистицирано.

Во последните сезони, модната индустрија си поигруваше различни модели на обувки инспирирани од Дивиот Запад, разновидни чизми за дожд, моторџиски модели и уште многу други.

Иако секој од овие стилови заслужено имаше свој момент, оваа есен и зима водечкото место го заземаат чизмите над колена.

Како што можеше да се забележи  дел светските ревии како „Клои“, „Гучи“, „Ферагамо“, чизмите над колена ги презедоа модните писти за сезоната есен/зима 2024 година, поставувајќи се како модерни верзии на моделите кои првпат станаа популарни во 60-тите.

Со текот на годините, тие беа комбинирани со фустани и капути и подеднакво добро се сложуваа со микро и мини силуети, како и со скроени парчиња, пишува Vogue“.

Џенифер Лоренс е една од познатите личности кои неодамна го носеа овој модел на чевли. Триесет и четири годишната актерката е видена во елегантна есенска комбинација додека се шетала со својот сопруг Кук Марони во Њујорк.

Лоренс, која го очекува своето второ дете со директорот на уметничката галерија, на себе имала бел кожен капут, кариран фустан со средна должина кој го истакнувал нејзиниот труднички стомак и високи чизми од познат бренд.

Актерката го комплетирла изгледот со овални очила со златен раб, ѓердани и црна кожна чанта.

Стаклени, сјајни и толку елегантни: Ова е најновиот тренд во маникирот

Сакате совршено нијансирани веѓи: Ова е сè што треба да знаете за беспрекорен изглед

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот