Урнатата настрешница во Нови Сад / EPA-EFE/MARKO KAROVIC

Единаесет месеци од трагедијата во Нови Сад, во Србија се одржуваат комеморативни собири

Бетонската натстрешница на жезничката станица во Нови Сад се урна на 1 ноември, само четири месеци по свеченото отворање на реконструираната зграда.

На неколку локации во Нови Сад денеска се собраа граѓаните за да им оддадат почит на 16-те жртви што точно пред 11 месеци, на 1 ноември минатата година, загинаа по падот на натстрешницата на железничката станица.

Единаесет месеци од трагедијата беше одбележана во 11:52 часот, а граѓаните, стоејќи во тишина, им оддадоа почит на загинати.

Бетонската натстрешница на железничката станица во Нови Сад се урна само четири месеци по свеченото отворање на реконструираната зграда.

По трагедијата, во Србија од крајот на минатата година почнаа да се одржуваат масовни антивладини протести предводени од студентите, со кои се бара одговорност за несреќата во Нови Сад.

Освен во Нови Сад, комеморативни собири денеска имашево Белград, Крагуевац, Ниш, Прокупље, Суботица и во други градови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот