
Единаесет лица се загинати, а 130 повредени во експлозија во фабрика во Русија
Во експлозија во фабрика во рускиот регион Рјазан загинаа 11 лица, а повредени се 130, објави руското Министерство за вонредни ситуации.
Препорачано
Министерството во соопштение на Телеграм изјави дека спасувачите сè уште ги пребаруваат урнатините на местото на несреќата, што се наоѓа на околу 320 километри југоисточно од Москва.
На местото на несреќата, како што велат од министерството, биле распоредени повеќе од 360 спасувачи и 90 единици опрема, а покрај пожарникарски и спасувачки екипи, на терен се и екипи на психолози од Министерството.
Гувернерот на регионот Рјазан, Павел Малков, изјави дека несреќата е предизвикана од пожар што избувнал во работилница во фабриката.
Светските медиуми пренесуваат дека причината за пожарот не е прецизирана и не е познато точно што се произведувало во таа фабрика.
Украинските дронови претходно ја таргетирале воената и економската инфраструктура во регионот Рјазан каде во јануари годинава со дронови се погодени голема рафинерија за нафта и електрана.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
25мин
-
32мин
-
32мин
-
59мин
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5