Роднини на настраданите во пожарот во дискотеката „Пулс“ чекаат пред болницата во Кочани / фото: Слободен печат / Слободан Ѓуриќ

Еден од повредените во пожарот во Кочани испишан од медицинскиот центар во Љубљана

Во медицинските центри надвор од државава во моментов се лекуваат 68 лица кои беа повредени во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Како што соопштија од Министерството за здравство, испишан е еден пациент од медицинскиот центар во Љубљана, а медицинскиот третман ќе го продолжи во друга држава, каде има здравствено осигурување.

– Најавени се неколку исписи за пациенти за наредниве денови, по финализирање на постапката со протоколите. Непроменета останува состојбата на пациентите кои се третираат во странство, вклучително и состојбата на критичните пациенти – се наведува во соопштението.

Во државава, шестмина пациенти се лекуваат во хируршката клиника „Свети Наум Охридски“, двајца на Клиниката за токсикологија, еден пациент на Клиниката за пластична хирургија. Двајца пациенти се лекуваат во „Систина“, според податоците на Министерството.

– Секојдневно ја следиме состојбата со повредените пациенти и продолжуваме со информирање на јавноста на дневна основа, обезбедувајќи најдобра здравствена нега и грижа за сите пациенти – велат од Министерството.

Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани избувна рано наутро на 16 март. Шеесет лица го изгубија животот во трагедијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот